Facebook ќе прикажува статуси во зависност од популарноста

22

facebook-like-stickersСоцијалната мрежа Facebook во иднина ќе прикажува статуси во зависност од тоа колку корисникот комуницира со авторот на објавата, дали истата е “лајкувана” и коментирана и според тоа колку од вашите пријатели обрнале внимание на тој статус.

Затоа ако ви се чини дека на вашиот “ѕид” на Facebook често излегуваат стари статуси на вашите пријатели, проблемот не е до вас, односно тоа се должи на новиот начин на кој што оваа социјална мрежа ги презентира обајвите.

Најпопуларната друштвена мрежа внесе нов алгоритам за подредување на статусите. Според  него на почетокот на страната ќе се најдат и стари статуси доколку истите и понатаму добиваат многу лајкови или коментари. Од Facebook велат дека ќе ги следат реакциите на корисниците и според нив ќе ги уредуваат промените на ѕидовите, пренесуваат светските агенции.