Facebook претстави нова алатка за пребарување, Graph search

68

fbМарк Цукерберг, извршниот директор на компанијата Facebook, ја претстави новата алатка за пребарување Graph search, со која може да се пребарува по базата на податоци на оваа социјална мрежа.

Graph search ќе им овозможи на корисниците на Facebook да бараат информации за луѓето, фотографии, локации, интереси. Новата алатка нема да ја загрози приватноста на корисниците.

“Можете да го прашате пребарувачот ‘Кои се моите пријатели во Сан Франциско’, а тој ќе ви одговори. Прашајте го за фотографиите на пријателот од 2009 година и тој ќе ви ги најде”, вели Цукерберг.

Ако барате информации што не се дел на базата на податоци на Facebook, пребарувачот ќе ги најде на друго место.

Пребарувањето засега е достапно само во САД.

fb 3