Facebook стигна до две милијарди корисници

22

fb

Фото: Facebook

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг, на својот профил на оваа социјална мрежа објави дека официјално, бројката на корисници е две милијарди.

“Правиме прогрес во поврзувањето на светот, сега да го зближиме светот заедно. Чест ми е што сум на ова патување со вас”, напиша Цукерберг.

Секој ден, повеќе од 175 милиони луѓе споделуваат срциња на Facebook, а во просек над 800 милиони на нешто ставаат лајк, стои на страната на Facebook.

Facebook е основан во 2004 година, а под капата на оваа социјална мрежа денес работат неколку технолошки компании, како Instagram, WhatsApp, Oculus. Facebook работи и на развој на вештачка интелигенција и на виртуелна реалност.