Факти за тоа колку е голем Apple

25

Фото: Pixabay

Технолошкиот гигант надмина вредност од една илјада милијарди долари во 2018 година. Порталот Howmuch.net сподели интересни факти за големината на Apple.

17,3 пати поголем од пазарната капитализација на General Motors (51,1 милијарда долари)

6,4 пати поголем од вредноста на пазарот на Bitcoin (137,9 милијарди долари)

4,9 пати поголем од пазарната капитализација на Nike и Adidas заедно (182,2 милијарди долари)

2,1 пати поголем од пазарната капитализација на Alibaba (416,2 милијарди долари)

2 пати поголем од нето богатството на петте најбогати луѓе во светот заедно (450 милијарди долари)

1,1 пати поголем од вредноста на бруто домашниот производ на Холандија (830,6 милијарди долари)

1,1 пати поголем од вредноста на БДП на 25 земји од северна Африка (839,4 милијарди долари).