Фармацевтската компанија Продис почна со извоз на рускиот пазар

59

prodis-128-500Руско-македонската фармацевтска компанија Продис, започна да ги извезува своите производи на рускиот пазар. Првите извезени производи се органските и конвенционални цералии ДанкаД, а се подготвува и пласман на органски и билни чаеви Максан.

Во вториот квартал на 2013 година компанијата ќе почне да извезува и oргански мултивитамини и минерали BIO Sanvit

“Извозник сме на производи чија што вредност изнесува 100.000 евра, а до крајот на месец февруари предвидено е да извршиме извоз на производи во вредност од 150.000 евра. Компанијата претставува значајна гринфилд инвестиција за Македонија која работи согласно со највисоки стандарди за квалитетно производство: GMP стандарди, ISO согласности и HACCP стандарди. Со ова можеме да ја означиме и потврдиме успешноста на оваа инвестиција и воедно, ова би бил додатен мотив за странските инвеститори да го инвестираат својот капитал во Р. Македонија”, велат од Продис.

Компанијата започна со работа на 31 октомври минатата година како една од производствените фабрики во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик.

Фармацевтската компанија која е eдинствена од ваков тип во Македонија и на Балканот, произведува квалитетна палета на конвенционални и органски производи: чаеви, пченкарни снегулки и мусли, конвенционални витамински препарати и хомеопатски лекови и козметика.

Продис е дел од рускиот фармацевтски холдинг Протек груп кој што се занимава со производство, дистрибуција и трговија на лекови и козметика.