Фармацевтскиот гигант Тева ќе отпушта 10% од вработените

83

tevaИзраелската фармацевтска компанија Teva Pharmaceutical Industries, најголемиот произведувач на генерички лекови во светот, планира да отпушти 10% од вработените и до крајот на 2017 година да заштеди две милијарди долари.

Повеќето од околу 5.000 работници ќе бидат отпуштени до крајот на 2014 година, во рамките на масивниот план за реструктуирање, кој опфаќа и продажба на имот кој веќе не е клучен за иднината на компанијата.

Израелската компанија е фокусирана на генерички лекови и на програми за истражување и развој.

Очекувањата на компанијата се 2013 година да ја завршат со приходи во висина од 19,5 до 20,5 милијарди долари и заработка по акција од 4,85 до 5,15 долари.

Во регионот Тева е присутна преку хрватската фармацевтска компанија Плива, која е во нејзина сопственост од декември 2008 година.