ФармаС започна со производство на лекови во Зрењанин

79

Хрватската фармацевтска компанија ФармаС започна со производство на лекови во новоотворената фабрика во Зрењанин. Во фабриката има лабораторија за испитување на квалитетот на лековите, потполно автоматизирано производство и магацински, техники и канцелариски простории.

“Благодарение на новата фабрика, вкупните капацитети на компанијата ќе бидат зголемени, што ќе ни овозможи брз развој како на српскиот пазар, така и на пазарите во регионот”, изјави директорот на ФармаС Србија, Радивој Топалов.

ФармаС во фабриката во Зрењанин ќе произведува широка палета на генерички лекови. Во првата фаза ќе се произведуваат 10 лекови, главно од кардиоваскуларното, гастроентролошко, невропсихијатриско и коскено-мускулно подрачје, додека во следниот период палетата ќе се проширува.

Со завршувањето на објектот по европски стандарди, вкупната инвестиција на ФармаС во Србија изнесува 18 милиони евра.

Новата фабрика е со капацитет од 30 милиони пакувања годишно.