
Американската централна банка (ФЕД) објави дека ја задржала референтната каматна стапка во опсег од 5,25 до 5,5 отсто, но најави дека сепак планира да ја намали повеќекратно пред крајот на годината.
Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) објави дека ќе ги задржи каматните стапки на нивото што го држат од јули 2023 година, објави CNBC.
Сегашното ниво на каматна стапка е највисоко во последните 23 години, а стапката одредува што банките си наплаќаат меѓусебно за заеми, но влијае и на многу други облици на потрошувачки долг, пишуваат медиумите.











