Федералните резерви веројатно нема да ги намалат каматните стапки во следните шест месеци

Федералните резерви на САД (ФЕД) веројатно нема да ги намалат каматните стапки барем во следните шест месеци, според најновата анкета на економисти спроведена од Ројтерс.

Според овие податоци, американската централна банка не треба да ја олабави монетарната политика додека порастот на цените на енергијата поради конфликтот на Блискиот Исток дополнително ја поттикнува инфлацијата.

Анкетата вели дека остриот пораст на цените на горивата ја турна довербата на потрошувачите на рекордно ниско ниво, додека инвеститорите во голема мера се откажаа од очекувањата за непосредно намалување на каматните стапки.