Филип Морис ги поддржува плановите на Царинската управа за подобрување на Законот за акцизи

60

filip-moris-660x303 Во врска со вториот работен состанок меѓу Царинската управа и производителите и увозници на тутунски добра, кој се одржа на 25-ти септември 2015 година, Филип Морис ТКП ја искажува својата поддршка кон Царинската управа во нивните планови за подобрување на системот за акцизи во Македонија и продлабочувањето на соработката меѓу Царинската управа и тутунската индустрија. Коментирајќи на темата, менаџерот за корпоративни прашања на Филип Морис ТКП, Анита Блажевска изјави:

“Ние навистина ја цениме и поддржуваме иницијативата на Царинската управа за организацијата на ваквите состаноци со индустријата. Ова е многу добар пример на транспарентност и вклучување на бизнис секторот во законодавниот процес, со цел измените да бидат практични, разумни, ефективни, како и да обезбедат ефикасност како за јавната администрација, така и за бизнис секторот. Акцизите се многу важен извор на приходи за Буџетот на Република Македонија. Во текот на оваа година, акцизите само од тутунските производи сочинуваат речиси 10% од вкупните даночни приходи. Ова укажува на важноста да се има ефективен Закон за акцизи и ефикасно администрирање на акцизите“, изјави Анита Блажевска, менаџер за корпоративни прашања на Филип Морис.

Таа додаде дека ја поздравуваат подготвеноста на Царинската управа да соработува со тутунската индустрија.

“Писмено ги доставивме нашите предлози за одредени важни подобрувања во администрирањето со акцизите, кои веруваме дека треба да бидат имплементирани во легислативата. Тие вклучуваат, меѓу другото, промена на настанувањето на акцизниот долг од “подигнување на бандероли” во ’пуштање во промет’, што претставува ЕУ – стандард во однос на наплаќањето на акцизите. Спроведувањето на ваквите најдобри практики, кои помагаат во поедноставувањето на административните процеси ќе им овозможат на властите да го зголемат нивниот фокус и ресурси кон ефективен мониторинг и контрола на целиот синџир на снабдување. Ние, од Филип Морис ТКП, сме подготвени да го споделиме нашето глобално искуство со Царинската управа, со цел понатамошен развој и спроведување