Филип Морис стратешки партнер на Тутунскиот комбинат Прилеп

26

philipp-morris-internationaТутунскиот комбинат Прилеп склучил договор со Филип Морис, меѓународниот производител на цигари, со седиште во Женева, кој се јавил како единствен понудувач на јавниот повик за стратешко партнерство распишан од комбинатот.

“Одборот на директори донесе одлука за јавен повик за стратешко партнерство. На истиот се јави само еден понудувач, компанијата Филип Морис. Беше формирана комисија која требаше да одлучи дали понудувачот ќе ги исполни условите од јавниот повик. Комисијата даде позитивна препорака, а вчера се одржа седница на Одборот на директори да се профати понудата на единствениот понудувач. Составен дел на понудата е понудувачот да предложи бизнис план. Наша проценка е дека истиот дава солидна основа за излез од кризата на Комбинатот”, изјави Александар Дерменџиев, генералниот директор на Тутунскиот комбинат- Прилеп.

Обидите да се продаде комбинатот кој беше во државна сопственост почнаа уште во септември минатата година. Прилепскиот загубар е втора најголема компанија за производство на цигари со 19% удел пазарот, додека на прво место е Империал Тобако ТКС од Скопје со 61% од продажбата.