FinalStraw – еколошка цевка на склопување што ја заменува штетната пластика

52

Цевката за пиење FinalStraw е заедничко решение на Ема Коен и Мајлс Пепер. Зад дизајнот стои 23 годишниот Пепер додека 32 годишната Коен, како долгогодишен активист за здрава животна средина, ја дава својата експертиза за производот и врши истражувања на пазарот.

Со заедничка инвестиција од 30.000 долари започнуваат со реализација на проектот. Крајниот резултат е иновативна еколошка цевка на склопување која што доаѓа со кутија за во џеб приврзана за ланец, пишува CNN.

Надворешниот дел на цевката е од нерѓосувачки челик, а внатрешноста е направена од долготраен силикон што ја прави погодна за миење во машина. Производот е изработен во Лос Анџелес и успешно тестиран на 200 корисници.

FinalStraw имаше и една од најуспешните кампањи на платформата за групно финансирање Kickstarter каде што собраа неверојатни 1,89 милиони долари, а првично беа побарани 12.500 долари.

До денес FinalStraw има вкупно 150.000 нарачки, преку Kickstarter и веб страната на компанијата. Цевките моментално се произведуваат во Кина, од причина што нивната изработка во САД би била премногу скапа.

Фото: FinalStraw