FingerIO – технологија што ги препознава движењата на прстите на било која површина

25

FingerIO_phone1Индиски научници развија нова сонарна технологија наречена FingerIO, пишува Bgr. Таа им овозможува на корисниците да работат на своите паметни телефони или часовници преку движење на прстите на било која површина, на маса, на лист хартија, на рака, па дури и во водух.

Технологијата ги следи прецизните движења на прстите со тоа што го претвора паметниот часовник или телефон во активен сонарен систем користејќи ги неговите микрофони и звучници при емитување на нечујни звучни бранови. FingerIO им овозможува на корисниците да се поврзат со својот смартфон и кога истиот се наоѓа во нивниот џеб.

fingerio-senor

Според Раџалакшми Нандакумар, водач на тимот и докторант по компјутерски науки и инженерство на Универзитетот во Вашингтон, со FingerIO корисникот може да намали/зголеми јачина на звук, да притисне копче или да пребарува по менито на смартфонот без да го допре. Освен тоа технологијата овозможува и пишување на команда за пребарување во воздух.

Апликацијата ќе може да се примени на повеќето паметни телефони, но најверојатно ќе бидат потребни два микрофони за истата да функционира и на паметните часовници. Студијата ќе биде претставена на конференцијата на Здружението за компјутерска технологија CHI во Сан Хосе, Калифорнија, во мај.