Финска има потреба од 50.000 мигранти годишно до 2050 година

113

Финска има потреба од повеќе од 50.000 имигранти годишно до 2050 година за да ги пополни слободните работни места поради стареењето на населението, објави технолошко здружение.
– Финска старее и се повеќе се задолжува, а нашиот однос за економско одржување се превртува наопаку – изјави Јако Ескола, претседател на Технологија Финска, а пренесува агенцијата Ксинхуа.

Здружението на околу 1.800 компании од технолошката индустрија, исто така, изјави дека само на технолошката индустрија ќе и бидат потребни 130.000 нови професионалци во следните 10 години.

Се верува дека во следните десет години ќе има десетици илјади слободни работни места во извозната индустрија и дека само половина од нив ќе ги заменат пензионерите, јави Анадолија.

Ескола предупреди дека социјалната држава нема да може да се одржи доколку Финска нема доволно работоспособни луѓе.

Затоа, единствената опција е значително да се зголеми имиграцијата, додаде тој.

Претседавачот истакна дека Финска мора да изгради успешна долгорочна имиграциска политика. Но, само тоа не е доволно за да се решат предизвиците на земјата, рече тој.

Исто така, важно е да се подигне нивото на вештините на младите, особено во областа на информатичката и комуникациската технологија, додаде Ескола.