
Финска стана првата земја во Европската унија која ископува ураниум, објави рударската компанија.
Оваа финска компанија истакна дека споменатата руда почнала да ја вади на североисток од земјава од рудникот во Соткам.
Во соопштението на веб-страницата на компанијата, се очекува компанијата да достигне полн капацитет до 2026 година, а обемот на производство на ураниум да биде околу 200 тони годишно.
Во подготовката на производството се инвестирани околу 20 милиони евра, соопштуваат од „Терафаме“.











