Фирми од Бугарија и Турција ќе градат фотонапонски електроцентрали во ТЕЦ Осломеј

11

На вчерашната седница Владата даде согласност на Одлуката за избор на најповолна понуда во постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали што ја спроведе Акционерско друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Со оваа одлука на ЕСМ за најповолни се прогласуваат понудите на компаниите Фортим Енерџи Електрик од Турција и Соларпро холдинг од Бугарија кои на местото не некогашната термоелектрана Осломеј треба да изградат по една фотонапонска електроцентрала од 50 мегавати од кои на јавниот партнер, односно ЕСМ ќе му припаднат 18,510% од произведената електрична енергија (Фортим Енерџи Електрик) и 18,010% (Соларпро холдинг).

Владата донесе повеќе одлуки за давање согласност за долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија во атарот на Општина Свети Николе заради изградба на електроцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, односно за изградба на фотонапонски електрични централи.

Фото: Freepik