Shortcut Labs старт – ап од Шведска дизајнираше паметно копче коешто се поврзува со телефони часовници и слични уреди и го олеснува завршувањето на едноставни задачи.
Направата наречена Flic автоматски ја прилагодува светлината, пушта музика, се јавува на телефон, повикува такси и функционира како аларм само со едно стискање на копчето.
Flic се поврзува со телефони со Android и iOS оперативни системи преку Bluetooth, а батеријата трае и до пет години. Копчето е така изработено за да може да се закачи на разни површини или пак на облека и ранци.
Корисниците можат да им одредат три различни функции на копчињата, првата со едно притискање, втората со двојно притискање третата со долго држење.
Освен тоа, копчето може да нарача пица, да го вклучи телевизорот и да го намали осветлувањето само со еден допир. Досега, Shortcut Labs имаат продадено 60.000 вакви копчиња.
Еден Flic чини 34 долари, додека ако купите четири одеднаш цената е 99 долари.