Фолксваген го ограничи бројот на менаџери кои можат да го користат Порше за деловни цели

Германската автомобилска компанија Фолксваген го ограничи бројот на менаџери кои можат да го користат луксузниот спортски автомобил Порше за деловни цели, со цел да заштедат пари, потврди портпаролот на агенцијата dpa.

Само членовите на менаџментот на групацијата Фолксваген и директорите на Порше можат да изберат Порше како службено возило. Регулативата за службени возила беше изменета на почетокот на годинава.

Портпаролот не прецизираше колку компанијата планира да заштеди со оваа мерка, пренесува Хина. Според податоците до кои дојде dpa, промената опфаќа околу 200 менаџери на VW.

Некои менаџери веќе поднесоа тужби до судот за труд во Брауншвајг, во близина на седиштето на Фолксваген, за да ја оспорат уредбата.

На крајот на минатата година Фолксваген најави мерки со кои треба да заштеди 10 милијарди евра до 2026 година, вклучувајќи четири милијарди во 2024 година. Компанијата планира да го забрза развојот и производството, да ги намали трошоците за вработените и да ги прилагоди набавките за да бидат поефикасни.

За потсетување, во април, Volkswagen објави пад на оперативната добивка од 20 отсто во првиот квартал од 2024 година поради слабата продажба и повисоките трошоци.