Фолксваген гради фабрика за батерии за електрични возила во Канада

60

Фолксваген  објави дека планира да изгради голема фабрика за батерии за електрични возила во Канада.

Европскиот производител на автомобили објави дека групацијата Volkswagen и нејзината компанија за батерии Power Co ќе ја основаат својата прва прекуокеанска гигафабрика за производство на батериски ќелии во Сент Томас, во југозападниот дел на Онтарио, објави АП.

Почетокот на производството е планиран за 2027 година, а минатата година компанијата потпиша договор со канадската влада со цел да се идентификуваат соодветни локации за ваков објект во Канада.

Дополнително, ќе бидат истражени начини на кои Канада може да придонесе за синџирите за снабдување со батерии на Volkswagen, вклучувајќи суровини и монтажа.

По тој повод, покраината Онтарио минатиот месец почна да спроведува подготвителни активности со најава на закон, кој брзо ќе биде усвоен, со цел да се постигне најефикасна подготовка на земјиштето за „мегалокацијата“ од 1.500 хектари во југозападниот Онтарио.