Фолксваген планира да купи удели во канадските производители на суровини за батерии

39

Фолксваген има намера да ги прошири своите рударски операции во Канада за да обезбеди снабдување со суровини за производство на батерии, изјави член на одборот на германскиот производител на автомобили за деловниот весник Handelsblatt.
„Ние нема да отвораме сопствени рудници, но сакаме да купиме удели во канадските рудници и оператори на рудници“, изјави Томас Шмал за германски деловен дневен весник во вторникот.

Канада ги има речиси сите суровини потребни за производство на батерии, додаде Шмал.