Фонд од ОАЕ планира да ја купи британската подружница на SVB

33

Инвестициски фонд од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ја разгледува можноста за преземање на британската филијала на Silicon Valley Bank (SVB ), по нејзиниот колапс минатата недела, објави  Bloomberg, повикувајќи се на неименувани извори.
Истите извори велат дека фондот Ројал груп, со кој претседава советникот за национална безбедност на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Танун бин Зајед Ал Нахјан, размислува за потенцијален откуп преку една од нејзините подружници.

Настаните во подружницата на SVB Bank во Обединетото Кралство се прелеваат во технолошкиот сектор во земјата, предизвикувајќи загриженост кај стартапите и фирмите за ризичен капитал за губење на пристапот до финансирање што главно доаѓа од заемодавачите.

Потенцијалното преземање на банката од страна на компанијата на Шеик Танун ја нагласува растечката финансиска моќ на Абу Даби во глобалните прашања и потсетува на 2008 година, кога најбогатите монархии во Заливот купија удели во западните бајки, како што направи Ситигруп, според Блумберг.

Агенцијата наведува дека шеикот Танун е еден од најважните личности на кралското семејство од Абу Даби кога е во прашање бизнисот и дека покрај улогата на претседател во Кралската група, тој претседава и со фондот АДК, како и Банката на Абу Даби.

Минатата недела беше назначен за претседател на инвестицискиот фонд Investment Authority, вреден 790 милијарди долари.