Forbes од март ќе излегува во Србија

21

forbes

Еден од највлијателните бизнис магазини во светот, Forbes, ќе почне да излегува во Србија од март следната година, наведува издавачката куќа Атика медија, пишува Б92.

Forbes Србија, како 37 интернационално издание на американскиот магазин, ќе се печати во тираж од 10.000 примероци, а предвидени се десет изданија годишно.

Магазинот ќе организира форуми и конференции на теми прилагодени на потребите на деловните луѓе.

Во регионот, Forbes се печати во Хрватска, Романија, Бугарија, Турција, Грција.