Forbes продаден за 475 милиони долари

3

forbes-media-chairman-and-editor-in-chief-steve-forbes

По 97 години семејна сопственост, Forbes Media објавија дека го продадоа мнозинскиот пакет акции на група интернационални инвеститори од Хонг Конг.

Forbes Media, што го вклучува Forbes magazine, е продаден на Integrated Whale Media Investments основана од инвеститорот Так Чеун Јам, за 475 милиони долари, објави Bloomberg.

Стив Форбс ќе остане претседател и главен уредник, а семејството Форбс ќе останат сопственици на малцински дел од акции.

Седиштето на Forbes Media останува во САД, а од компанијата најавуваат план за меѓународна експанзија. Forbes, во соопштението за медиуми, истакнуваат дека имаат 75 милиони публика, а продажбата беше најавена уште во ноември минатата година.