Forbes: Стартапи што оваа година ќе надминат милијарда долари

33

Фото: Pixabay

Магазинот Forbes во изминатите пет години спроведува истражување со цел да идентификува 25 старт – ап компании чијашто вредност се доближува до една милијарда долари.

Меѓу овие стартапи, по азбучен ред, се најдоа:

Chainalysis – старт – ап од Њујорк што развива софтвер за истражување на крипто валути. Досегашниот капитал на компанијата е 53 милиони долари.

Contrast security – компанија што развива автоматски безбедносни анализи. Капиталот на компанијата досега е 122 милиони долари.

Cybereason – платформа за сајбер безбедност во облак. Вредноста на капиталот на овој старт – ап е 189 милиони долари.

Dave – апликација што ги следи трошоците и го предупредува корисникот кога ќе ја надмине границата. Капиталот на овој технолошки старт – ап е 13 милиони долари.

Divvy – услуга што на корисникот му нуди можност да ги следи трошоците, помага при буџетирање, управување со финансии целосно бесплатно. Капиталот на овој старт – ап е 257 милиони долари.