„ФОРБС“ ОДИ НА БЕРЗА: Со ИПО до 600 милиони долари и пари за сериозни деловни промени

43

Деловниот магазин „Форбс“ објави дека „Forbes Global Media Holdings Inc.“ и Magnum Opus Acquisition Limited, SPAC компанија (Special Purpose Acquisition Company) фокусирана на технологија и медиуми, на крајот на годината акциите на Форбс ќе ги стави на иницијална јавна понуда (ИПО).

„Форбс“ планира да собере преку 600 милиони долари преку ИПО. Целта, како што објавија, а целта е со собраните пари да се направи „дигитална трансформација и да се создаде подлабоко ангажирана публика, притоа одржувајќи го високиот квалитет и приходите на компанијата“.

Се проценува дека акционерите на Форбс, по затворањето на понудата, ќе станат сопственици на приближно 22 проценти од компанијата

Компанијата постои 104 години, има 45 лиценцирани изданија во 76 земји низ целиот свет и е меѓу 50 -те најпосетувани страници на Интернет.