
Brawn & Bread е мелница и пекара којашто ја користи човечката сила за да работи. Таа е еден вид на надворешна вежбална, каде што со вртење на импровизирана направа се прави леб, се обработува жито, се меси тесто и се “потпалува“ печка на дрва.
Проектот е дело на дизајнерското студио MICAT од Лондон, а градбата беше направена од страна на кампери на возраст од 11 до 17 години. Brawn & Bread се наоѓа во кампот Beam во Њу Хемпшир, а децата преку него ја учат вредноста на рачната работа и како со труд и посветеност можат самите да создадат храна.
Пекарата дневно произведува леб за 150 кампери и останатиот персонал во кампот.
Фото Brawn & Bread