ФОТО: Новото вселенско летало на Илон Маск

24

2

Во своето седиште во Калифорнија, SpaceX ја претстави надградената верзија на леталото Dragon, капсула која потенцијално би ги носела астронаутите во орбитата, пишува The Aviationist.

SpaceX Dragon V2 е вселенско летало кое може да прими седум членови на екипажот. Внатрешноста е едноставна и чиста, а самиот Илон Маск, визионерот кој стои зад SpaceX, Tesla Motors, SolarCity… го опиша како “голем скок напред во вселенската технологија”.

SpaceX може да слета било каде, со точност на хеликоптер. Dragon V2 пробниот лет без екипаж веројатно ќе го направи до крајот на следната година, а првиот пилотиран лет е планиран за 2016 година.

Развојот на SpaceX Dragon V2 е финансиран од НАСА, преку Comercial Crew Development програмата, во која учествуваат и други компании, како Boeing, Blue Origin, Sierra Nevada. НАСА треба да избере еден или два од овие проекти за да почне да испраќа луѓе во вселената на почетокот на 2017 година.

Фотографиите ги направи Мат Хертман.

1

3

4