Франција го казни Google со 150 милиони евра

27

Француската агенција за пазарна конкуренција го казни Google со 150 милиони евра поради монополско однесување и нејасно рекламирање на страницата на Google Ads.

Оваа казна се случува во време кога големите американски технолошки компании како Google, Facebook, Amazon и Apple се под зголемен надзор од Франција и другите европски земји, особено поради плаќања на ниски даноци.

Растот на тие корпорации го загрози досегашниот даночен систем затоа што им овозможи легално да бележат профит во земји со ниски даноци како што е Ирска, без оглед на локацијата на нивните крајни корисници, поради што организациите како ЕУ и OECD, но и одделни земји, се стремат за измени на тие правила.

Google претходно се согласи да плати скоро милијарда евра на француските власти за да се реши истрагата за фискална измама, која е започната пред четири години.

Фото:Pexels