Франција го зголемува буџетот за одбрана за три милијарди евра

64

Франција следната година би можела да го зголеми буџетот за одбрана за три милијарди евра.

Ова го соопшти францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорни во интервју за весникот „Журнал ди диманш“.

„Ја потврдувам намерата на Владата да го зголеми буџетот за одбрана за 2023 година за три милијарди евра. Овој предлог е доставен до парламентот на одлука“, рече Лекорни, пренесува Тас.

Тој додаде дека Министерството за одбрана има намера да анализира се што се случи во Украина и „доколку е потребно, да направи дополнителни корекции“ на буџетот за одбрана.

„Претседателот на Републиката, Емануел Макрон ни наложи да ја процениме состојбата на нашата одбранбена индустрија заедно со началникот на Генералштабот на француските вооружени сили“, рече Лекорни, пренесува Тасс.

Според француското Министерство за одбрана, трошоците за програмата за модернизација на оружјето на земјата од 2019 до 2025 година се планира да достигнат 295 милијарди евра.