Франција: Хемикалии откриени во детски пелени

49

Фото: Pixabay

Француската национална здравствена агенција открила хемикалии кај пелени за бебиња, што го надминува нивото на безбедност, пишува BBC.

Направените тестови покажуваат резултати што се над прагот за безбедност по здравјето на луѓето, поради присуство на потенцијално опасни хемикалии, вклучувајќи го глифосатот (хемикалија за уништување на растенија како што е пирејот).

Според тамошната агенција, за прв пат се прават вакви видови на тестови врз бебешките пелени.

Министерството за здравство на Франција соопшти дека нема непосреден ризик за здравјето на бебињата, но владата набрзо воспоставила ултиматум до производителите во рок од 15 дена да осмислат план како токсичните супстанци во иднина да ги отстранат од пелените.