Франција: Нема повеќе рекламирање фосилни горива

55

Франција воведе забрана за рекламирање на фосилни горива. Забраната се однесува на сите извори на енергија базирани на нафта, енергија добиена со согорување јаглен и јаглерод што содржи водород. Природниот гас е изземен од забраната до јуни 2023 година.

Според американскиот Институт за отчетност за климата, компаниите за фосилни горива се меѓу најголемите загадувачи со јаглерод и остваруваат милиони профити промовирајќи ја продажбата на јаглен и гас.

Поради ова, повиците за забрана за рекламирање на фосилни горива се сè погласни во последните години. Минатата година Гринпис и 20 други еколошки организации повикаа на забрана за рекламирање на фосилни горива низ Европската унија.

Забраната за рекламирање во Франција беше опфатена со законот за клима усвоен од парламентот во август 2021 година, кој има за цел да спроведе построги регулативи за намалување на потрошувачката на енергија и промовирање мерки за одржлива енергија.

Некои форми на рекламирање, како што се финансиски инвестиции во фосилни горива или спонзорство поврзани со комуникациите, не се опфатени со забраната.

За непочитување на забраната може да се изрече казна од 20.000 до 100.000 евра, а оние кои ќе го повторат прекршокот можеби ќе треба да платат двојно поголема сума.