Франција официјално излезе од рецесија

23

francija_2013610124917Според регистрираниот економски раст од 0.5% во вториот квартал, Франција излезе од благата рецесија. Овој резултат е најдобар во последните две години, покажаа денес официјалните податоци во Париз.

Француската влада која се бори со невработеноста и јавниот дефицит, наведува дека оваа вест претставува пресврт по негативниот економски раст од претходните две тримесечја, пренесува агенцијата France Press.

Францускиот министер за финансии Пјер Москович вели дека позитивните податоци го потврдуваат крајот на рецесијата во француската економија и претставуваат охрабрувачки знак за подобрување.

Според Заводот за статистика на Франција, економскиот раст е остварен благодарение на растот на домашната потрошувачка.

Индустриското производство истотака е во пораст, додека падот на инвестициите го ограничи понатамошниот раст, се додава во соопштението од Заводот.

По претходите предвидувања дека оваа година економијата ќе “потоне” за 0,1%,францускиот Завод сега очекува раст од  0,1% за 2013 година.