Француска Sanofi за над три милијарди долари презема американска биотехнолошка компанија

61

Француската фармацевтска компанија Sanofi ја презема американската биотехнолошка компанија Translate Bio за 3,2 милијарди долари, со желба да го искористи потенцијалот на mRNA технологијата.

Најголемата светска компанија за производство на вакцини веќе некое време соработува со Translate Bio, компанија чие седиште е во Масачусетс, а се занимава со развој на mRNA вакцини против коронавирусот. Нејзините конкуренти Pfizer, BioNTech и Moderna развија таква вакцина во рекорден временски период за пазарот.

Sanofi и Translate Bio развија две mRNA вакцини против коронавирус и грип, коишто се во рана фаза на клинички испитувања, а нивните резултати се очекуваат во третото или четвртото тримесечје од оваа година.

Аквизицијата на Sanofi ќе ѝ овозможи да ја зајакне својата позиција со постоечките производи и да истражи нови можности во брзорастечки подрачја.