Француската економија во вториот квартал порасна повеќе од очекуваното

76

Благодарение на растот на извозот и инвестициите, француската економија во вториот квартал порасна за 0,5 отсто, со што ги надмина очекувањата на аналитичарите.

Економистите анкетирани од Ројтерс прогнозираа просечен квартален раст на францускиот БДП од 0,2 отсто, откако се повлече за сличен процент во првиот квартал.

Иако домашната побарувачка не се зголеми во вториот квартал, инвестициите во фиксен капитал се зголемени за 0,5 отсто во однос на претходниот квартал. Извозот забележа раст од 0,8 отсто, додека увозот падна за 0,6 отсто, пишува Фајненшл тајмс.

„Малку е разочарувачки што домашната побарувачка е толку слаба и што потрошувачката на домаќинствата не е зголемена. Предвидуваме дека француската економија ќе биде послаба во втората половина од годината бидејќи инфлацијата влијае на реалните приходи на домаќинствата“, вели Ендрју Кенингам, главен економист во Capital Economics.