Растечките докази сугерираат дека луѓето помлади од 35 години на клучните пазари, како што се САД, му го вртат грбот на алкохолот, што доведе до значителен пад на глобалната продажба на шампањ, објави „Гардијан“.
Минатиот јули, француските производители на шампањ наредија намалување на откупот на собраното грозје, откако продажбата на шампањ падна за повеќе од 15 отсто во првата половина на 2024 година.
Како што објави Комитетот за шампањ, пратките на шампањ минатата година се намалени за 9,2 отсто во споредба со 2023 година, паѓајќи на 271,4 милиони шишиња.
Побарувачката за француски шампањ по пандемијата на Ковид се зголеми во 2022 година, кога испораките достигнаа 326 милиони шишиња, но оттогаш опадна.
Во 2023 година беа испорачани околу 299 милиони шишиња, што е пад од повеќе од 8 проценти.
Француските компании за производство на шампањ ја обвинија падот на испораката на шампањ, кој минатата година падна за речиси десет отсто, поради загриженоста ширум светот за економијата и политиката, како и за поевтините пијалоци.