Галеника ќе добие партнер од Емиратите?

53

galenikaВо Обединетите Арапски Емирати има компанија заинтересирана за соработка со српската фармацевтска компанија Галеника, изјави претседателот на Стопанската комора на Србија Жељко Сертиќ при посетата на оваа земја. Според него, инвеститорите од ОАЕ сакаат да инвестираат во Србија, а најмногу ги интересира земјоделството, туризмот, фармацијата и новите технологии – ИТ секторот, пишува Новости.

При посетата на делегацијата на Комората во Емиратите, договорено е голема стопанска делегација, преку 35 компании, да дојдат во Србија на 19 мај и да го посетат и саемот за земјоделие во Нови Сад.

Инвеститорите од ОАЕ веќе се присутни во Србија, преку Etihad и соработката со Air Serbia, а тие се најголеми инвеститори во проектот Белград на вода, кој допрва треба да се реализира.

Владата на Србија даде согласност за започнување на постапката за приватизација на Галеника на 22 ноември 2013 година. Оваа компанија има околу 250 сопствени или лиценцирани производи со кои ги покрива сите фармацевски групи на пазарот за лекови и суплементи.