Како што се влошуваат зимските услови во Европа и во Обединетото Кралство, побарувачката за гас за греење расте и се забрзува повлекувањето од складиштето на природен гас, покажуваат податоците собрани од Anadolu Agency.
Во текот на изминатата недела, голем број европски земји доживеаја пониски температури и обилни снежни врнежи, што доведе до зголемено повлекување на гас од складиштата, коишто во просек беа 87,3 отсто капацитет до 12 декември во Европа, во споредба со ноемвриските волумени од околу 94 отсто.
„Се предвидува дека температурите ќе бидат под нулата оваа недела и се очекува поголема потрошувачка на гас“, рече Ана Марија Јалер-Макаревич, енергетски аналитичар во Институтот за енергетска економија и финансиски анализи (IEEFA).
Забрзувањето на повлекувањата досега во декември е резултат на невообичаено блага зима во ноември, што овозможи да се акумулираат нивоата на складирање во Европа.
„Во ноември, повеќето земји од Европската унија пополнија над 94 отсто од своите складишни капацитети“, истакна Јалер-Макаревиќ.
Податоците на Гас Инфраструктура Европа покажуваат дека складиштата за природен гас во ЕУ и Велика Британија на 12 декември биле исполнети соодветно 87,3 отсто и 87,7 отсто.
Германија, со најголем капацитет за складирање гас, е исполнета со 92,4 отсто, додека Италија и Франција се со 87,2 отсто, односно 88,1 отсто.
Латвија во моментов има најниско ниво на складирање гас од 51,6 отсто, додека Естонија, Финска, Грција, Литванија, Луксембург, Малта, Словенија и Ирска немаат складиште за гас.
Унгарија е исто така меѓу земјите со најниско ниво на складирање од 78 проценти.
Складиштата на ЕУ во просек се полни околу 88 отсто, или 14 отсто над нивниот петгодишен просек од 11 милијарди кубни метри, рече Гергели Молнар, аналитичар за природен гас во Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).











