Гасот во Европа повторно поскап од 1.700 долари

57

Цената на фјучерсите на гасот на лондонската берза ICE надмина 1.700 долари за 1.000 кубни метри во четвртокот за прв пат од 13 октомври. Цената на јануарските фјучерси во центарот TTF во Холандија се зголеми за девет отсто на 1.707,66 долари за 1.000 кубни метри.

Во текот на утрото цената на фјучерсите на гасот беше 1.654,59 долари за 1.000 кубни метри. Ден претходно, за прв пат од 14 октомври, цената на гасот надмина 1.500 долари за илјада кубни метри, пренесува Комерсант.

Последното значително зголемување на цената на гасот во Европа е забележано на крајот на септември, кога цената се искачи на повеќе од 1.935 долари за илјада кубни метри. Зголемувањето на цената уследи по откривањето на истекување гас на двата цевководи Северен тек во Балтичкото Море.