Компанијата Гаспром медиа, најголемиот медиумски холдинг во Русија, објави дека ќе го преземе холдингот Профмедиа на тајкунот Владимир Потанин, пишува The Moscow Times.
Сумата не е објавена, а одобрението од регулаторите се очекува во почетокот на 2014 година.
Газпром медиа е сопственик на комерцијалниот ТВ канал NTV, сателитската ТВ компанија NTV-Plus, радио станица Ekho Moskvy, магазини, дневни весници, филмска продукција, маркетинг продажба, кина и онлајн порталите now.ru и rutube.ru.
Сопственик на Гаспром медиа е Газпромбанк, во која акционери се Газпром, државната Внешекономбанк и Газфонд.
Профмедиа е еден од најголемите приватни холдинзи во Русија и минатата година го зголеми профитот за 17%, на 20,2 милијарди рубљи (450 милиони евра), што е најдобар резултат од 2008 година.