Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

Рускиот државен гасен гигант Газпром одлучи да не ги намалува испораките на гас за Молдавија, но предупреди во денешното соопштение дека го задржува правото да го намали или прекине снабдувањето доколку Кишињев не ја изврши договорената исплата на гас, пренесува Ројтерс.

Минатата недела Газпром ја обвини Украина дека задржува дел од гасот што го испраќа во Молдавија преку таа земја, заканувајќи се дека би можела да почне да го намалува протокот низ Украина.

Киев негираше дека го задржува рускиот гас наменет за Молдавија.