Газпром предупредува: Европа рекордно брзо го троши гасот од подземните складишта

Европа троши гас од своите подземни складишта со рекордно темпо, со што значително ги намалува вкупните резерви, објави денес руската енергетска компанија „Газпром“.

Компанијата предупредува дека овој тренд може да ги зголеми ризиците за снабдувањето со енергија во текот на зимата, пренесува РИА „Новости“.

Според податоците од организацијата Гасна инфраструктура Европа (ГИЕ), на 24, 25 и 26 ноември се забележани најголемите дневни повлекувања на гас од европските подземни складишта досега.