„Газпром“: Рекорден профит зво првата половина од годината и покрај санкциите

71

Руската енергетска компанија „Газпром“ соопшти дека остварила рекорден профит во првата половина од годината, и покрај санкциите на Западот поради војната во Украина.

Нето добивката изнесува 41,6 милијарди евра, додека во 2021 година рускиот гигант оствари добивка од 27,5 милијарди евра, се вели во соопштението на „Газпром“, во кое се додава дека ќе се исплатат дивиденди.

„И покрај притисокот од санкциите и неповолното надворешно опкружување, Групацијата „Газпром“ оствари рекордни приходи и нето добивка во првата половина на 2022 година, притоа сведувајќи го нето долгот и финансискиот ризик на минимум“, рече заменик-директорот на „Газпром“, Фамил Садигов.