„Газпром“ се повика на виша сила при некои испораки на гас во Европа

92

Руски „Газпром“ се повика на виша сила при снабдувањето со гас во Европа за најмалку еден голем клиент, според писмото од 14 јули, видено од Ројтерс во понеделникот.

Во писмото се наведува дека „Газпром“, кој има монопол на извозот на руски гас, не може да ги исполни своите обврски за снабдување поради „вонредни“ околности кои се надвор од негова контрола, пишува Ројтерс.

Извор вели дека писмото се однесува на снабдувањето со гасоводот „Северен тек 1“, главната рута за снабдување со Германија и пошироко.

Газпром немаше веднаш коментар.

Повикувањето на виша сила, што се користи кога една компанија е погодена од нешто што е надвор од нејзина контрола, веројатно ќе ги ескалира тензиите меѓу Русија и Западот поради руската инвазија на Украина, акција која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

Европската унија, која воведе санкции кон Москва, има за цел да престане да користи руски фосилни горива до 2027 година, но сака испораките да продолжат засега.

Испораките на руски гас се прекинати преку главните рути, вклучително и преку Украина и Белорусија и преку Северен тек 1 под Балтичкото Море.