Газпром: Тешко на Европа

35

На Европа ќе и биде многу тешко да го наполни складиштето на гас на минатогодишното ниво, откако ја завршија зимската грејна сезона со релативно ниски залихи. Ова го соопшти рускиот гигант Газпром, пренесува Ројтерс.

Европската унија инвестираше многу во увозот на течен природен гас (ЛНГ) минатата година и усвои регулативи за зголемување на складирањето за да избегне недостиг по намалувањето на испораките на руски гас во Европа.

Газпром соопшти дека заклучно со 16 април, складирањето во Европа содржело 56,6 милијарди кубни метри (bcm) гас, што е помалку од 58 милијарди кубни метри во истиот период во 2020 година, на почетокот на пандемијата Ковид -19.

Во пораката на социјалната мрежа Телеграм, Газпром пишува дека на Европа и помогна релативно благото време, што можеби нема да биде случај следната година.

Повторното полнење на складиштето може да стане „нетривијална задача“ за европските компании, пишува Газпром.

„Ќе биде многу тешко да се направи, со оглед на политички мотивираните одлуки насочени кон отфрлање на увозот на руски гас од гасоводот. Количината на гас што е достапна на европскиот пазар во голема мера ќе биде под влијание на конкуренцијата за ЛНГ“, велат од Газпром.

Минатогодишниот европски увоз на руски гас од гасоводи изнесуваше 62 милијарди кубни метри, што е за 60 отсто под просекот од претходните пет години, покажуваат податоците на Европската комисија.

Фото; facebook