Geely лансираше 9 сателити за поддршка на автономни возила

72

Кинескиот производител на автомобили Zhejiang Geely за прв пат успешно лансираше девет сателити во ниската земјина орбита за да се поврзе со сателитска мрежа за да обезбеди попрецизна навигација за автономните возила.

Сателитите GeeSAT-1 беа лансирани во средата од центарот на Ксичанг во Сечуан. Geely рече дека очекува да лансира уште 63 сателити во орбитата до 2025 година, а крајна цел им се 240 сателити.

Со ова лансирање, Geely станува вториот голем автомобилски производител кој има свои сателити во орбитата на Земјата.

Американската компанија SpaceX, која е во сопственост на Илон Маск, има повеќе од 2.000 сателити, како дел од неговата Starlink мрежа. Starlink веќе нуди комерцијални интернет услуги, најчесто за руралните средини, каде се недостапни кабелскиот и интернетот кој го продаваат мобилните оператори.

Но, за разлика од SpaceX, компанија која користеше свои ракети за лансирање на сателитите, Geely за лансирање на своите 9 сателити користеше ракета по име 2C, развиена од страна на кинеска државна компанија.

Како дополнување на високопрецизна навигација, овие сателити ќе имаат и други функции. Од компанијата известуваат дека овие сателити имаат животен век од 5 години, по што ќе се самоуништат без да остават отпад во вселената.

Фото: Pixabay