Гејтс оваа година од своето богатство донира 35 милијарди долари

28

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс,воопшто не го штеди своето богатство, што вреди неколку милијарди долари, пишува Bloomberg.

Гејтс оваа година во хуманитарни цели донира 35 милијарди долари, а неговото богатство порасна за 16 милијарди, со што сега на неговото конто има 106 милијарди долари. Со овој износ, Гејтс е втор најбогат човек во светот, веднаш за Џеф Безос.

Најголемиот дел од хуманитарните активности на овој милијардер одат преку семејната фондација Бил и Мелинда Гејтс. Меѓу главните цели на фондацијата се здравството и образованието во светот, климатските промени и гладот.

Фото: Facebook