Генијален начин за докажување на водоотпорност кај часовниците

43

06_11_2013_festinawatches_3Многу компании денес тврдат дека нивните рачни часовници се водоотпорни, но тешко им оди од рака да ги уверат купувачите дека тоа е навистина така.

За да им докаже на своите потенцијални купци дека часовниците кои ги продаваат се 100% водоотпорни, компанијата Festina смисли генијален план.

Имено Festina одлучи да ги спакува своите часовници во вреќи со вода, како би ја демонстрирала нивната издржливост, пишува Trend&Innovation сервисот на агенцијата Atrakcija.

Ова е прв пат некоја компанија за производство на часовници да направи ваков смел чекор, за да промовира водоотпорноста на своите производи.

По овој уникатен начин на пакување на останатите компании не им преостанува друго туку и тие да го направат истото, доколку сакаат да им докажат на купувачите дека и нивните часовници се 100% водоотпорни.