Докторите велат дека долготрајното седење може да предизвика голем број заболувања, но и покрај тоа луѓето мора да седат по минимум осум часа извршувајќи ги своите работни обврски во канцеларија.
Но, и за овој проблем има решение, зад кое стои компанијата Connect Design од Јужна Кореја, а тоа е лулашката Fuut.
Овој креативен изум се поставува под работната маса која се поместува во зависност од положбата. Додека работите, лулашката може да се постави пониско, а за време на паузата може да ја подигнете повисоко и со шолја кафе да се опуштите.
Fuut може да се набави по цена од 30 долари.