Геополитичките ризици во поморските центри се закана за германската трговија

Геополитичките ризици во поморските центри претставуваат закана за германската трговија, е заклучокот од извештајот објавен денес од Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.

Според извештаите, речиси половина од германскиот увоз и извоз надвор од Европската Унија се потпира на поморскиот транспорт, при што најголемиот дел од стоките се движат низ мал број клучни глобални премини.

Студијата наведува дека околу 10 проценти од германскиот увоз поминува низ Суецкиот канал, додека теснецот Баб ел-Мандеб, Малака и Тајванскиот теснец се исто така меѓу најкритичните точки.

Фото: Pixabay