Германците бараат заштита на европските компании од конкуренцијата на Кина и Америка

85

Мнозинството германски граѓани сметаат дека Европската унија треба да ги заштити европските компании од конкуренција, како што прават Вашингтон и Пекинг за американските и кинеските компании.

Во истражувањето на институтот „Форса“ за магазинот Меѓународна политика, како што јави ДПА, 81 отсто од испитаниците потврдно одговориле дека европските компании треба да бидат заштитени од конкуренција.

Само 11 отсто од испитаниците биле против ваквите мерки кои се во спротивност со принципот на слободна трговија, а осум отсто одговориле дека не знаат.

Америка, со законот за намалување на инфлацијата од 2023 година, планира даночни олеснувања и помош од повеќе од 346 милијарди евра за енергетска безбедност и заштита од климатски промени. Европа со месеци негодува поради тоа што американските компании ќе имаат предност пред другите.